По повод патрониот празник младинската организација на СОУ „Ѓорче Петров“ организираше хуманитарен турнир во одбојка во кој учествуваат 9 екипи составени од ученици од сите средни училишта во Општина Прилеп.
„На овој турнир има 9 екипи од сите средни училишта. Секоја екипа има по 6 основни членови коии треба да играат на полето, плус замени. Екипите плаќаат по 600 денари котизација, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели“, истакна Ангела Кочоска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.
„Патрониот празник е на 2-ри април по тој повод се организираше и овој хуманитарен спорстки настан. Се уште не е одлучено каде ќе се донираат“, кажа Петре Јаковлески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.