Италијански археолози во Помпеја пронајдоа уште една одлично сочувана фреска од Нарцис, во истиот објект во кој последниве месеци постојано се откриваат вредни уметнички дела.
Водачот на тимот истражувачи, Алфонсина Русо изјави дека поради најновите откритија, планот на ископувања мора да биде изменет, за да се види дали таму има уште такви фрески.
За новооткриената фреска таа вели дека е „елегантна и сензуална” и уште еднаш најави дека наскоро куќата би можела да биде отворена за јавност.
Древноримскиот град Помпеја е уништен во 79 година од нашата ера по ерупција на вулканот Везув.
130