По повод Денот на НАТО, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Црвениот крст организираа крводарителска акција.
„Давам крв по 45-ти пат. Одлуката за да дарувам крв ми е од хумани причини. Да им се помогне на оние на кои им е најпотребна. Започнав да давам крв на 18 години како средношколец и од тогаш па се до денес, еве наполнив 38 години, давам крв постојано и така планирам и да продолжам“, рече Давор Тримчески, крводарител.
„Давам крв по 25-ти пат. И јас за прв пат започнав да давам во средно училиште. Што повеќе даваме крв тоа подобро, ќе се спасат повеќе човечки животи“, вели Марјанчо Петрески, крводарител.
„Собрании се 50-тина единици на крв, досега одзивот е одличен. Се надеваме дека таков ќе биде и до завршувањето на акцијата која ја организираат Институтот за трансфузиона мецицина, АРМ и локалниот Црвен крст во Прилеп“, изјави д-р Бојан Тодороски, Институт за трансфузиона мецицина Скопје.