Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија! Во недела ќе ставиме крај на политиките од транзицијата, политиките на лаги и предавства. Македонија ќе победи! Ова е порака што ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ја упати до граѓаните на Прилеп на денешната прес конференција.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Македонија е разбудена!!!
Видовме на 21-ви април, а ќе го докажеме и во недела на 5ти мај со победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова!
Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија!
Во недела ќе ставиме крај на политиките од транзицијата, политиките на лаги и предавства.
Големите веѕувања на сдс се претворија во огромни лаги. Излажени се сите: ученици, наставници, студенти, професори, земјоделци, работници, пензионери, лекари. Ништо од 600км автопати, нема 500 евра најниска плата, нема повисоки пензии, нема 100.000ден. плата за лекарите, нема повисока капитација за стоматолозите, сметките за вода наместо ветените 20% пониски, се повисоки за 60%.
Во Прилеп нема ниту една нова инвестиција, ниту една нова фабрика, ниту едно ново работно место, поради што младите се иселуваат од градот како никогаш претходно.
Наместо живот за сите, за 2 години донесоа пекол.
Во Прилеп владее криминалот, злосторничко здружение на сдс како што сами ни кажаа. Во Прилеп царува непотизмот, митото и корупцијата.
Ги истргуваа уставното име, идентитетот, историјата со ветување за европска иднина. Но, еве видовме дека и тоа било лага. Во ЕУ не се влегува со променето име, обезимена и обезличена држава. Во ЕУ не не’ сакаат без реформирано судство, образование, здравство во кое секој ден умираат луѓе од обичен грип.
Во ЕУ не се влегува со метла и партиско ѓубре, за таму треба многу работа!
Почитувани прилепчани,
Затоа ве повикувам во недела на 5-ти мај заедно сите сплотени, како никогаш до сега без страв, храбро да гласаме за број 2, за проф. д-р Гордана Силјаноска Давкова.
Да гласаме за во Република Македонија конечно да завладеат правото и правдата! Да гласаме за горда, достоинствена, европска Република Македонија бидејќи тоа му го должиме на нашите предци, но и на идните генерации.
Победивме на 21-ви, ќе победиме и сега!!!
Македонија ќе победи!!!
За број 2!!!“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.