Хју Хефнер, култниот основач на Плејбој, почина на 91 година во својот дом, Плејбој вилата, опкружен со своето семејство.
Плејбој магазинот е основан пред повеќе од 60 години, со цел зголемување на популарноста на магазините за мажи, комбинирајќи слики од голи жени со прилози, интервјуа и фикција на познати автори. Хефнер го основа Плејбој со само 600 долари кои ги имал и уште 1000 кои позајмил од неговата мајка. Првата насловна страна од овој историски месечен магазин беше од Мерлин Монро.
„Мојот татко живееше необичен и влијателен живот како медиум и културен пионер и водечки глас зад некои од најзначајните социјални и културни движења на нашето време, како барањата за слобода на говор, човекови права и сексуална слобода. Тој дефинираше животен стил и етос кој што е основата за Плејбој брендот, еден од најпрепознатливите и најдолгите во историјата“, изјави Копер Хефнер, син на починатиот Хју.
Додека магазинот успеа да ја инспирира сексуалната револуција од 60-тите и 70-тите години, последните години се мачеше против тешката конкуренција што ја има во слободната порнографија на интернет. За краток период од средината на 2016 до почетокот на 2017, магазинот проба целосно да ја исфрли голотијата од своите страници, за набрзо да се врати на својот препознатлив стил.