Фатаморгана или астрална проекција се појавила над источниот дел од кинеското езеро Хонгзе во неделата на 4-ти август во околу 15 часот и 40 минути. Мистериозната снимка ја забележал фотографот Чен Каи кој ги снимил бродовите кога забележал дека на хоризонтот се појавиле прастарите кинески градби.
Непосредно пред снимката врнело дожд и загадениот воздух се прочистил, а Чен планирал да го фотофрафира заоѓањето на сонцето покасно истиот тој ден. Луѓето од тамошниот музеј изјавиле дека прастариот град се појавувал во текот на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Појавата и тогаш, но и сега траела околу половина час.
Станува збор за атмосферска и оптичка појава која настанува поради прекршување на светлината во атмосферата на различни температури. Тогаш настанува целосно одбивање на светлината. Поради тоа на пример планините и островите изгледаат како да се издигнати во височина и одвоени од површината на земјата, предметите се гледаат искривени, двојни, тројни и така натаму. Постојат два вида на фатаморгана: долна и горна.
Прекршување во атмосферата се случува само тогаш кога во атмосферата зракот од светлина преминува од слој со поголема кон слој со помала густина на воздухот, а аголот на паѓање е поголем од аголот на целосната рефлексија.
Фатаморгана е појава која најчесто може да ја забележите на автопатите во текот на летото кога ви се чини дека во далечините гледате вода на патот.