Градските власти на Њујорк одлучиле да го затворат озлогласениот затвор Рајкерс, кој го прогласиле за нехуман и запуштен и да го заменат со четири помали затвори кои ќе бидат модерни и хумани.
Затворскиот комплекс „Рајкерс“, инаку еден од најголемите на светот, би требало да биде затворен до 2026-та година. Овој затвор е озлогласен поради насилството и ужасните услови во кои живеат затворениците.
Големиот комплекс ќе биде заменет со четири помали затвори кои ќе бидат лоцирани поблиску до главните њујоршки судници во Менхетн, Бруклин, Бронкс и Квинс.
Во затворот кој се простира на 160 хектари на островот на Ист Ривер поврзан со мост со њујоршкиот четврт Квинс се сместени околу 7.000 затвореници, од кои повеќето чекаат судење или издржуваат казна затвор помала од една година. Во екот на њујоршкиот криминален бран, пред две децении, во тој затвор просечно имало повеќе од 20.000 затвореници дневно.
Островото првобитно било со големина од 100 хектари, но потоа нараснало на повеќе од 400 хектари. Името Рајкерс наводно островот го добил според Абрахам Рајкерс кој го купил во 1664 година.
Затворањето на Рајкерс и отворањето на четири похумани затвори во градот ќе ја чини градската каса 8,7 милијарди долари, а островот ќе се претвори во јавен простор.