ВИДЕО- Јованоски : Мирна прва вечер на полицискиот час во Прилеп, едно лице упатено на испитување за корона вирус, 161 се во самоизолација

После воведувањето на полицискиот час информацијата од      ОВР Прилеп што ја добив е дека се почитува се она што е договорено и кажано за време на овој полициски час од 21 до 06 часот. Истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

„Нема забележано некои нерегуларности или непочитување од страна на граѓаните. Инаку ОВР Прилеп имаше 6 пунктови во градот и неколку патролни служби кои патролираа преку целата ноќ, така да на задоволство на сите нас информацијата е дека граѓаните ги почитуваат сите овие наредби и правила што беа кажани од Владата“, рече Јованоски.

 

Денеска едно лице било упатено на испитување за корона вирус во Институтот за јавно здравје во Скопје.

 

„Секој момент ги чекаме резултатите. Во самоизолација во овој момент во општина Прилеп имаме 161 лице, поднесена е и уште една кривична пријава, 8-ма по ред за лице што не ги почитува овие правила“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи