По 2.000 евра казна за 5 прилепчани и 4 крушевчани за непочитување на полицискиот час

 

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп предложи казни од по 2.000 евра за пет лица од Прилеп и четворица од Крушево за непочитување на полицискиот час.

Јавното обвинителство соопшти дека сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19, односно за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за движење.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира