55-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“ одложен за септември, а може и да се откаже годинава

Одложено е годинашново 55 издание на Македонскиот театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“, кое традиционално започнува првиот петок во месец јуни ( на денешен ден). Причина е здравствената криза, предизвикана од епидемијата со Ковид- 19.

 

Според уметничката директорот на фестивалот, Катерина Коцевска, доколку состојбата со ширењето на епидемијата се стабилизира и добијат дозвола од надлежните, постои термин за одложено одржување, од 25 септември до 2 октомври.

 

Во услови на пандемија, невозможно е да се прават планови за вакви реномирани манифестации со огромен број публика, со бројни актерски екипи на сцената. Никој не може да знае како ќе се одвиваат состојбите. Но, на Собранието на Фестивалот, кој го сочинуваат директорите на професионалните театри од земјава, донесовме одлука – ако, и само ако, дозволат состојбите и државните уредби, Фестивалот да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилеите ќе мора да ги славиме догодина, вели Коцевска.

 

Планирано било  во славенички дух, 55 роденден на МТФ да се одржи без селекција на претстави, туку секој театар да учествува со според него, најдобрата продукција, реализирана меѓу две изданија. Но поради епидемијата и забраната за групирање на граѓани, сега е неизвесно дали фестивалот годинава воопшто ќе се одржи.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи