СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ Прилеп шири лаги и клевети за кои ке следат домашни и меѓународни тужби

Во очај и безидејност, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да пласира лаги, клевети и невистини. Поради вчерашните јавни и лажни обвинувања дека кандидатот за градоначалник на Прилеп Илија Јованоски се сретнал со непостоечка фирма, односно поради клеветничката и навредлива изјава со која го нарушија угледот на реномираната италијанска компанија „Ариет“, претставникот на ДПМНЕ ќе добие и меѓународна тужба, соопштија денес во реакцијата од СДСМ.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Во очај и безидејност, а особено свесни за поразот што ги очекува во недела, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да пласира лаги, клевети и невистини.

Вчера, претставникот на ОК комитет на ДПМНЕ од Прилеп, јавно на прес конференција, објави дека кандидатот за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, се сретнал со непостоечка италијанска компанија која работи на производство на енергија и биогас врз база на отпадот.

Најпрво, бидејќи ДПМНЕ нема капацитет ниту да ги пронајде информациите за компанијата на интернет, а ги повикуваат и граѓаните да пребараат информации за италијанската компанија „Ариет“, во интерес на јавноста еве ја точната интернет адреса на компанијата: http://www.arietsrl.com .

Компанијата „Ариет“ има долгогодишно искуство во производството на машини и опрема за справување и управување со комуналниот отпад, и врз база на отпадот производство на електрична енергија, топлотна енергија, и биогас!

Својата опрема ја имаат инсталирано во повеќе италијански градови, а истовремено е компанија која врши инсталација на биогасни системи до крајните корисници.

За гласноговорникот на ваквите клевети и лаги од ДПМНЕ, како што самиот изјави дека компанијата „Ариет“ не постои, ќе следат кривични пријави за навреда и клевета, доколку не ја повлечи изјавата и не се извини во рокот предвиден со закон.

Исто така, за ваквата клеветничка и навредлива изјава со која го нарушија угледот на реномираната италијанска компанијата „Ариет“, претставникот на ДПМНЕ ќе добие и меѓународна тужба.

За она што Марјан Ристески не најде решение, а тоа е справување со комуналниот отпад и негово трајно отстранување, кандидатот на СДСМ, Илија Јованоски, уште пред да стапи на функција, веќе изнаоѓа конкретни решенија за справување и искористување на отпадот како извор за енергија“, соопштија од СДСМ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи