Германија планира да ја намали понатамошната миграција на работна сила, особено од Западен Балкан

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Германија планира да ја намали понатамошната миграција на работна сила. Особено на удар ќе биде неквалификуваната раборна сила од Западен Балкан, за која имаше олеснување за добивање работна дозвола изминатиот период.

 

Но исто така и на градежни работници, медицински сестри, готвачи, келнери од Балканот би можело во иднина да им биде многу потешко да најдат работа во Германија.

 

„Ние сме во голем економски пад и веќе имаме 600.000 повеќе невработени лица отколку пред една година. Едноставно да се остави режимот на Западен Балкан да продолжи непроменет во таква ситуација не е опција“, изјави Матијас Миделберг, портпарол за внатрешна политика во Бундестагот.

 

Правилото за работниците од Западен Балкан е воведено пред пет години како емигранти од безбедните земји на потекло, а целта беше тоа да се направи на сметка  на масовната миграција преку системот за азил.

 

На први јануари 2019 година во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи