ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Народот ќе потврди дека не сака разнебитување, економски колапс, двојазичност и мигранти

Заедно со вас, од ден во ден работејќи посветено, преку многу проекти, ја изградивме општината! Ја урбанизиравме, ја раззеленивме, отворивме нови фабрики и обезбедивме многу нови работни места, го подобривме образованието, отворивме нови градинки, воведовме јавен градски превоз, направивме многу и му дадовме на Прилеп модерен европски лик. Прилеп денес е град со кој сите се гордееме! Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Покажавме дека  на народот му требаат вистински лидери на кои може да им верува. Само народот е тој кој одлучува! Народот веќе јасно кажа, а на 15 Октомври ќе потврди дека не е спремен да го жртвува својот начин на живот, не е спремен за разнебитување на државата, за економски и социјален колапс, не сака двојазичност и мигранти и нема да дозволи луѓе со лажни ветувања и провидно лицемерие да ја уништат иднината на идните поколенија во Прилеп.

 

Почитувани сограѓани,

 

Големите моменти се родени од големи можности. Ја имаме можноста  за само уште два дена да одлучиме самите во која насока ќе ни се развива животот во наредните четири години. Можеме да одбереме дали ќе продолжиме да чекориме напред кон економски развој и добросостојба или ќе се повлечеме во  тишина и немоќ, мирно чекајќи после разнебитувањето на државата да замре напредокот за кој сите вредно се боревме и да се урне иднината на нашите деца.

 

Но нема да дозволиме да се случи тоа! Затоа, мојот одговор е јасен! Има само еден начин да направите вашиот глас да биде слушнат и вреднуван.  А тоа е да ја дадете довербата на луѓе кои работат, луѓе кои се блиски до народот, кои се посветени и искрени во своите намери општината да биде дом достоинствен за сите.

 

Од друга страна имате луѓе, кои во текот на цела предизборна кампања, без никаква програма, без никаква визија и проекти успеаа само да дадат нереални и лажни ветувања и да ги навредат граѓаните со својата неискреност. Велат субвенциите ќе се намалат, а земјоделците ќе имале подобар живот.

 

Но на крајот на денот прашањето не е дали ќе прекршат ветување, туку кои ветувања кои ги дале ќе бидат прекршени.

 

Затоа јас, Петар Ристески, искрено и достоинствено стојам пред вас и отворено ја барам вашата поддршка. Ве повикувам својот глас да го дадете за листата на советници на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија  и кандидатот за градоначалник Марјан Ристески. Ве повикувам да гласате за број 13!

 

Секогаш работа!

Секогаш, ПРИЛЕП!

Секогаш Македонија!“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи