Русите одлучија: Путин останува на власт до 2036 година!

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Руските државјани масовно дадоа поддршка за уставните реформи, кои ќе му овозможат на Владимир Путин да остане на власт уште 16 години, односно до 2036 година.

 

Изборната комисија на Русија објави дека 78% од граѓаните гласале на референдумот, и со тоа Путин ќе има право на уште два шестгодишни претседателски мандати, откако ќе му истече актуелниот кој е до 2024 година.

 

За првпат во Русија, гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат гужвите на гласачките места поради пандемијата на коронавирусот.

 

Според Кремљ, кој референдумот го окарактеризира како „триумф“, амандманите се неопходни за стабилноста и сигурноста на земјата.

 

И самиот Путин претходно ги повика граѓаните да гласаат за амандманите и истакна дека секој глас е важен.

 

„Не гласаме само за амандманите. Гласаме за земјата во која сакаме да живееме, за земјата која сакаме да ја оставиме на нашите деца и внуци“, рече Путин.

 

Опозицијата се противеше на гласењето, велејќи дека тоа е направено за Путин доживотно да биде прв човек на државата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци