Внук на покојниот шеф на колумбиски наркокартел Пабло Ескобар открил една од неговите скривници со 18 милиони долари.
Николас Ескобар скривницата ја пронашол во неговата куќа во Меделин, градот во кој беше седиштето на Ескобар и неговиот картел.
Внукот кажал дека „укажување“ го довело до одреден дел од куќата каде што ги открил парите во смрдлива пластична ќесе.
Банкнотите стари неколку децении биле во толку лоша состојба што се неупотребливи. Во вреќата имало и злато, уреди за комуникација, снимки, машина за пишување, моливи и камера со филм кој не можел да се развие.
Николас Ескобар, кој се гордее со роднинската врска со наркобосот, вели дека нашол неколку скривници.