Кинескиот претседател Си Џинпин го отвори националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, најавувајќи дека кинескиот социјалистички систем влегува во „Нова ера“. На почетокот на конгресот Џипин потенцираше дека Кина и владејачката партија се соочуваат со нови предизвици и задачи чие решавање треба да овозможи подобар живот за кинеските граѓани.
Набројувајќи ги последните достигнувања на државата во својот говор, Џинпинг најави дека Кина ќе стане голема сила во светот и дека ќе игра важна улога во историјата на човештвото.
„Ова ќе биде ера во која ќе обезбедиме одлучна победа во изградбата на умерено напредно општество во сите сфери и да изградиме голема модерна социјалистичка земја. Ова исто така ќе биде ера во која ќе се види дека Кина се приближува на лидерската позиција во светот. Кина се исправи, стана богата и силна“, порача Си.
Џинпин зборуваше повеќе од три часа на отворањето на конгресот на Кинеската Комунистичка Партија пред гигантски симбол со срп и чекан, прекрстени на позадината на црвени знамиња, и отфрли секоја надеж за либерализација на режимот. Ројтерс наведува дека тој кажал „нова ера“ 36 пати во својот говор.
Откако дојде на власт на крајот на 2012 година, Си Џинпин е сметан за најмоќниот кинески раководител по основачот на режимот на Мао Це Тунг и реформаторот Денг Ксијаопинг. За влијанието на Си Џинпин зборува тоа што има изгледи неговото име да биде вклучено во партискиот статут – чест доделена досега само на Мао и Денг.
Тој ја презеде власта во 2012 година и кинеската економија оттогаш забележува константен раст. Кинескиот лидер, како што оценува „Недељник“, сака да владее до 2027 година, за да ги реализира своите цели, односно трансформација на Кина.