Уапсени пет лица, меѓу кои и двајца полицајци од Косово за киднапирање на македонски државјани

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Пет лица меѓу кои и двајца полицајци се уапсени под сомнение за киднапирање. Случајот се случил во вила во косовската општина Ново Брдо.

 

Полициската спасувачка акција постапила според дојава од граѓанин на Македонија, брат на еден од киднапираните, кој ја известил косовската полиција дека непознато лице му испратило  видео од двете киднапирани личности, државјани на Македонија.

 

„Можам да ви потврдам дека 5 лица се уапсени, од кои 2 се полицајци. Постои сомневање за киднапирање. Тие беа фатени на дело во вила во регионот Гњилане дека киднапирале двајца државјани на Македонија заради материјална корист“, изјавува главен обвинител на Обвинителството во Гњилане, Арбен Кадриу.

 

На осомничените полициски службеници, заедно со другите кои биле уапсени на дело по наредба на обвинителот, им е одредена мерка 48 часовен притвор.

 

При полициската акција косовската полиција на местото на злочинот пронајде и одзеде:

 

  • Две (3) оружја (револвери) од кои (2) официјални револвери;
  • Два пара пластични лисици;
  • Два автомобили во сопственост на осомничените;
  • и други материјални докази.

 

„Жртвите беа врзани со пластични лисици, но тие беа во добра здравствена состојба. Откако двајца од уапсените беа идентификувани како припадници на косовската полиција, веднаш беше известен косовскиот полициски инспекторат и пристигна на местото на настанот“, објави полицијата.

 

Полицијата соопшти дека жртвите биле испратени на лекарска контрола во Ургентниот центар во Гњилане.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи