Според грчката агенција АНА-МПА, запалено е службеното возило на македонскиот конзулат во Солун. Во веста се наведува дека грчката полиција веќе го истражува подметнувањето пожар на автомобилот.
Според информациите, сторителите го полиле автомобилот со запаллива материја и го запалиле. Причинета е материјална штета на задниот дел од автомобилот. Инцидентот се случил околу 5.30 часот наутро.