Легендарниот Камп Ноу ќе добие ново име

Facebook
Twitter
Email
Print

Со цел да се зголемат приходите, во претходните неколку месеци Барселона е во интензивни преговори со спонзори, кои на клубот можат да му донесат преку 400 милиони евра.

 

Првиот чекор кон зголемување на приходите беше нов договор со „Најк“, но вистинката работа претставува промена на името на стадионот „Камп Ноу“. Имено, во Барселона за промена на името на стадионот после 30 години бараат сума од 400 милиони евра и за таа цел тие би можеле да соработуваат со компанијата „Ван Вагнер“ која е лидер во подрачјето на спортскиот маркетинг.

 

Според информациите на шпанските медиуми, преговорите на големо се во тек со фирмата „Грифолс“. Се работи за една од најголемите фирми кој се занимава со крвна плаза, а воедно е лидер по дристрибцијата на на лекови во светот. Што е најважно, оваа компанија е токму од Барселона и не го промени своето седиште ниту после реферундумската криза во овој дел од Шпанија.

 

Понудата е стадионот да се прекрсти во „Камп Ноу Грифолс“, поради што многумина на шега велат дека тоа ќе биде презиме на легендарниот дом на Каталонците. Договорот би бил за период од 30 години, што значи дека годишно Барселона ќе добива по 13 милиони евра.

 

Барселона, едноставно, мора да преземе ваков чекор со оглед на тоа што клубот за плати издвојува 480 милиони евра годишно, што преставува 84 отсто од вкупните расходи.

 

Со вакви расходи, а доколку не го продаде името на стадионот, Барселона нема да може финансиски да го издржи новиот договор на Меси, според кој Аргентинецот би имал неделна плата од 550 000 евра. Но проблемот не е во неговата плата, туку во раскошниот бонус од дури 90 милиони евра, кој Меси ќе треба да го добие доколку стави потпис на новиот договор.

 

Дел од парите од продажбата на името Барселона ќе искористи за финансирање на новиот договор на Меси, а дел за една голема инвестиција која предвидува темелна реконструкција на стадионот и неговата околина. За реализација на овој проект Барселона ќе треба да издвои околу 600 милиони евра.

 

Меси сè уште размислува, но во Барселона се сигурни дека на крајот тој ќе попушти и кариерата ќе ја заврши на „Ноу камп“, прекрасниот стадион на Каталонците.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи