Денес, 1 март, e ДЕНОТ НА НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА. Секој човек заслужува да живее во општество во кое ќе бидат почитувани неговите разлики.
Сите ние сме различни, различно се однесуваме, носиме различна облека, припаѓаме на различни националности и имаме различна етничка припадност. Возраста, висината, полот, јазикот на кој зборуваме и тие се различни. Имаме различни професии, интереси. Сите овие разлики не прават УНИКАТНИ и ЕДИНСТВЕНИ, а не се причина за осудување, ширење на омраза и ДИСКРИМИНАЦИЈА.
Денес, тим Pancakes испраќа порака, ширете љубов, а не омраза и дискриминација. Сакајте ги луѓето онакви какви што се. НЕ ги осудувајте, прифатете ги. Денес се бориме за подобро општество, за подобри услови, за прифаќање на разликите.
Денес кажуваме НЕ на дискриминацијата и ДА на еднаквоста.
Автор : Ученик правобранител Матеа Поповска