Поради компликации со вирусот 33 пациенти се хоспитализирани во Скопје за 24 часа.
Од Министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 15 приеми, додека во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника имало по 9 нови приеми на пациенти во текот на вчерашниот ден.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 15 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 34 пациенти со симптоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 15 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.