Македонија се задолжи со нови 700 милиони евра преку еврообврзница

Facebook
Twitter
Email
Print

 
Македонија издаде нова седумгодишна еврообврзница во вредност од високи 700 милиони евра. Со тие пари, 500 милиони ќе се употребат за враќање на претходно издадена еврообврзница во 2014, а останатите за буџетска поддршка.

„Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975 проценти, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска“, информираат од Министерството за финансии.

Обврзницата ќе треба да се исплати во март 2028 година. Годишната камата ќе биде 1,6%.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи