Видео објавено вчера на Фб страницата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“ прикажува лизгалка во Кисела Вода во Скопје која завршува на улица. Улицата е прометна, автомобили поминуваат постојано, а децата кои се лизгаат на лизгалката се во голема опасност. Граѓаните видно вознемирени и со бурна реакција до општината прашуваат кој го одобрил поставувањето на лизгалката.
Погледнете го видеото.