Родилката Веапоска: Каде се органите и зошто ми беа извадени – не го прифаќам извештајот од Лекарската комора

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Медицинската сестра Јалдз Веапоска, која по породувањето во струшката болница, излезе од салата со извадени матка, бубрег и јајник е разочарана што Лекарската комора не пронашла лекарска грешка за нејзиниот третман во болницата.

„Јас не го прифаќам ова. Како е можно Лекарската комора кажа дека нема да се знае комисијата која ќе постапува во случајот, ниту јавноста ниту докторот нема да знае кој ќе одлучува. А директорот знае кои се лекарите од Лекарската комора. Биле во болница во Струга, еден гинеколог, еден анестезиолог и еден хирург. Биле таму, па со директорот од мои извори дознавам дека заминале на ручек. Како е можно?, вели Веапоска за „Слободен печат“.

Таа не знае ниту каде се нејзините органи во моментов.

„Сакам Лекарската комора да излезе јавно и медицински да го образложи ова, не ваделе заб туку органи. Ако немало лекарски пропуст, кај се органите и зошто ми беа извадени? Нека кажат каде се за да ги земам и да ги однесам на Судска медицина тука или надвор од Македонија, бара пациентката“ – вели Веапоска.

Лекарската комора го известила Министерството за здравство дека по направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третмaнот на лекување на пациентката,  комисијата констатира дека немало лекарска грешка во третманот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира