Германија годинава би можела да урне рекорд и да оствари буџетски суфицит од 14 милијарди евра во 2017 година, објави германскиот магазин „Шпигел“.
„Шпигел“ вели дека овој суфицит ѝ овозможил на владата да ги покрие трошоците од историскиот договор за складирање на нуклеарниот отпад, кој надминува 7 милијарди евра, како и 6,7 милијарди евра трошоци за мигрантите.
Со ова Германија нема да има потреба да ги користи државните резерви, кои изнесуваат 20 милијарди евра, а кои се обезбедени во текот на 2015 година, кога стигна и најголемиот бран бегалци и мигранти во Германија