Околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки, покажуваат податоците на Народната банка.
Комерцијална банка АД Скопје е банката во која граѓаните имаат најголема доверба и таму најмногу ги депонираат своите заштеди. Податоците на НБРСМ, покажуваат дека граѓаните во Комерцијална банка чуваат 1,3 милијарди евра.
Втора најсигурна банка на која домаќинствата и ги довериле своите заштедите е Стопанска банка АД-Скопје, во која според податоците на Народната банка се чуваат депозити на граѓаните кои изнесуваат над една милијарда евра.
Трета банка со најголемо депозитно салдо е третата банка од големата тројка – НЛБ Банка АД Скопје, банка во која граѓаните чуваат заштеди во вредност од околу 900 милиони евра.
Во Халкбанк АД Скопје граѓаните чуваат заштеди во вредност од 315 милиони евра, во Охридска банка АД Скопје се депонирани 218 милиони евра во депозити, додека пак во УНИБанка АД Скопје граѓаните имаат заштеди во износ од 206 милиони евра.