Денес е ПРОЛЕТНА РАМНОДЕНИЦA – денот ќе станува подолг од ноќта: повеќе светлина, повеќе надеж во нашите животи

 

 

Првиот ден од пролетта е единственото време од годината кога сонцето се крева на точно на исток и заоѓа точно на запад за сите во светот. На овој ден двете полусфери на Земјата добиваат еднаква количина на сончева светлина.

Астрономската пролет на северната хемисфера започнува денеска, 20ти март во 22:58 часот. Пролетната рамноденица, еквиноциум, исто така е позната како мартовска рамноденица. На јужната хемисфера, тогаш имаме есенска рамноденица. Но, зошто токму денеска започнува пролетта?

Мартовската рамноденица означува момент кога Сонцето преминува преку небесниот екватор, замислените линии на небото над екваторот, од југ кон север. Тоа се случува секоја година на 19, 20 и 21 март. Со оглед дека тогаш ноќта и денот се скоро подеднакво долги, 12 часа, овој настан е познат како рамноденица, што потекнува од латинскиот „equinoxium“, односно aequinoctium – equi, aequ +nox, noct – ноќ.

На северната хемисфера, мартовската рамноденица се слави како момент на повторно раѓање.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи