ДЗС: Попишани 130 009 наши државјани во странство

 

 

Државниот завод за статистика соопшти дека заклучно до денеска до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Република Македонија изнесува 130 009.

Во изминатите 24 часа се попишале нови 8 429 наши државјани.

„Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина“ стои во соопштението од ДЗС.

Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.

Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на РСМ, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомниците.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се спроведе од 1 до 21 април.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи