Осум мина загинаа во терористички напад во Њујорк

Facebook
Twitter
Email
Print

Според првичните информации осум лица се убиени кога пикап влетал на велосипедска патека во долниот дек на Менхетен во Њујорк. Возачот на камионот, откако прегазил неколкумина удрил во училишен автобус и повредил четворица кои биле во автобусот, но тие поминале со полесни повреди.

 

Полицијата претходно објави дека повеќе луѓе биле повредени во нападот што градоначалникот Бил Де Бласио го нарече „особено кукавички чин на терор насочен кон невини цивили“.

 

„Најмалку осум се мртви и неколкумина повредени, откако возач на камион возел во погрешна насока по прометна велосипедска патека“, истакна градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

 

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека тоа е напад на „осамен волк”, додавајќи дека нема докази дека тоа е дел од „поширок заговор или поширока шема”.

 

Полициската станица во Њујорк наведе дека возилото удрило во велосипедисти и пешаци пред да удри во друго возило, а возачот излегол и имитирал пукање од пиштол кон полицијата. Човекот бил застрелан и уапсен од полицајците.

 

Претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер напиша : „Нападот во Њујорк, изгледа како нов напад од многу болен и пореметен човек“.

 

Сведоци велат дека осомничениот извикувал „Алах е голем“. Одделот за тероризам на ФБИ ја презеде истрагата.

 

Канцеларијата на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, објави дека тој веднаш се упатил кон местото на настанот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи