Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, нема да бара разрешување на поранешниот генерален секретар на владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден 81.000 евра, кој не го користи ниту институција.
Вели дека етичкиот кодекс важел само за именувани фунакционери на влада. Денеска, Николовски реферираше за новиот извештај на Греко – телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските политики. Од вкупно 23 препораки Македонија целосно или делумно спровела 13 препораки. Според оценките од владата, ова е охрабрувачки извештај од Греко.