Компанијата “Constellation Brands” во чија сопственост се брендовите Корона, Модело и Сведка, подготвена е да инвестира цели 200 милиони долари за производство на пијалоци кои ќе содржат канабис.
Директорот на компанијата, Роб Сандс, изјави дека оваа идеа не е изненадување, со оглед на тоа дека канабисот стана легален во многу американски земји.
“Успехот на нашата компанија е резултат на тоа што се фокусираме на препознавање на нови потрошувачки трендови, а овој план е вистински погодок”, вели Сендс.
Тој предвидува дека марихуаната наскоро ќе биде легална ширум САД. До тогаш комапнијата има во план тие пијалаци да ги продава и во Канада, каде канабисот ќе биде легален до 2019 година.
Потрошувачката на алкохол се намалува, така што ова е нов начин за слични компании да го продолжат својот бизнис. Во меѓувреме, бројот на корисници на канабис на возраст меѓу 18 и 25 години се зголемува. Во изминатите седум години бројот на корисници кои конзумираат канабис е зголемен за 4,6 проценти, додека потрошувачката на алкохол е намалена за 22 проценти.