Денес на Светскиот ден на здравјето, посакуваме многу здравје на сите граѓани, особено на заболените од КОВИД-19, велат во соопштение од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Посакуваме час поскоро да ја снема оваа пандемија која однесе многу животи, а ги измори здравствените работници.
Како Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ се погриживме до секој заболен од КОВИД-19 во Болницата, стигне пакет со освежителни пијалоци.
Не ги заборавивме ни здравствените работници. Им благодариме на сите кои се вклучија во хуманитарната акција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ!“, стои во соопштението.