Во последните 24 часа регистрирани се 17 нови случаи на ковид-19, од направени 2.896 тестирања, соопшти Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните случаи во Тетово се 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти.
Има едно починато лице од Скопје на 70 години, кое починало во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјва од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.