Македонската репрезентација на Летните олимписки игри во Токио, го мина воведниот марш на свеченото отворање.
На овие игри, Македонија ќе биде претставена од 8 натпреварувачи во 7 спортови.
Ова е распоредот за настап:
- Борјан Бранковски – 10 метри воздушен пиштол квалификации (24.07.2021 – 06:00)
- Филип Деркоски – 400 метри слободно квалификации (24.07.2021 – 12:48)
- Арбреша Реџепи – Џудо -52кг. (25.07.2021 – 04:00)
- Дејан Георгиевски – Таеквондо 80кг. (27.07.2021 – 03:15)
- Миа Блажевска Еминова – 100 метри слободно квалификации (28.07.2021 – 14:00)
- Јован Стојоски – Атлетика 400 метри (01.08.2021 – 03:45)
- Пулексенија Јованоска – Карате ката (05.08.2021 – 03:00)
- Магомедгаџи Нуров – Борење 97кг. (06.08.2021).