Mакедонија под топлотен бран во наредните 4 дена – температури и до 42°C


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 19 °C до 38 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира