Оранжериите Вардар АД од Градско се казнети со 20.000 евра поради загадување на животната средина. Имено по пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека се работи за мазут, кој потекнува од оранжериите.
„Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води“, соопштува ДИЖС.
Исто така наредено е чистење на остатокот од излевањето во кругот на фабриката, како и склучување на договор со лиценцирана компанија за транспорт и отстранување на опасен отпад.