Ако сакате да пешачите и вашата цел е да изгубите вишок килограми, колку треба да пешачите дневно?
Бројни истражувања покажуваат дека треба да се стремите да пешачите од 45 минути до 1 час секој ден.
Пешачењето е одличен избор за рекреација за оние кои не можат да трчаат поради проблем со грбот или колената, бидејќи со брзо одење не се создава толку голем притисок на ‘рбетот и зглобовите, а се препорачува и за одржување на општата добра здравствена состојба.
Неколку совети за правилно пешачење:
Држење на телото: Кога ќе се исправите, се зголемува просторот меѓу вашите колкови и ребрата, што ви дава повеќе простор за исчекор.
Гледајте право: Немојте да гледате во вашите стапала или на патот непосредно пред вас. Пуштете го погледот и гледајте во точка оддалечена неколку метри од вас. Рамената повлечете ги наназад, за да го отворите убаво градниот кош и да можете да земете длабок здив.
Движете ги рацете: Лактите свиткајте ги под агол од 90 степени и брзо движете ги напред-назад.
Одење во интервали: Ако не можете долго да одите брзо, ова ќе ви помогне. Одете 10 секунди најбрзо што можете, а потоа 20 секунди со средно темпо и обидете се така да издржите барем 5 минути за почеток.