Состојбата со пожарите во земјава е под контрола. Сепак, сѐ уште се активни неколку пожари.
Според последните информации активни се пожарите во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин кој е делумно локализиран, но на одредени места се уште има чадење и таму вчера дејствуваше авионот на Романското воено воздухопловство вчер.
Во делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник пожарот е ставен под контрола, но има мало чадење во местото викано Грбовец. Пожарот во Пехчево во село Будинарци се уште е активен, иако во текот на вчерашниот ден изгледаше дека е локализиран, но се појавија нови жаришта.
Поради пожарите уапсени се 4 лица.