Во интерес на конкретно информирање на јавноста за шпекулациите околу постизборно коалицирање на независната советничка група или кандидатот за градоначалник со политичките партии кои ќе го сочинуваат идниот состав на Советот на Општина Прилеп, граѓанската иницијативата “ЧЕ ВРЕДИ” ги информира своите поддржувачи и следбеници дека никогаш и по никоја цена нема да си дозволи да биде само уште еден привезок повеќе на било која политичка партија т.е дека нема да коалицира со ниту еден политички субјект кој учествува во работата на Советот.
„Предизборните и постизборни коалиции на помалите субјекти во процесот на планирање и реализација на локалните политики не е ништо друго освен политички пазар и не значи ништо друго освен изневерување на довербата на граѓаните“, велат во соопштението од граѓанската иницијатива „ЧЕ ВРЕДИ“.