Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес коференција, истакна дека охрабрува тоа што бројките на ново дијагностицирани опаѓа и упати апел до родителите чии деца ќе тргнат во градинка и на училиште да се вакцинираат.
„Досега се вакцинирани речиси 700.000 граѓани. Значајно расте интересот за вакцинација на помладите, од 18 до 40 години. Охрабруваат новите бројки кои опаѓаат, но се уште многу е рано. Дозволете да повикам на масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, за да се заштитат семејствата“, истакна министерот Филипче.