Пожарот на Галичица после интервенцијата на хелихоптерот на АРСМ и временските услови кои се на просторот утрово (има послаби врнежи) е локализиран. Се забележуваат уште 2 (две) помали жаришта каде што сеуште има слаб чад. Рано утрово на просторот има околу четириесетина лица со припадници на ТППЕ-Охрид, НП Галичица, ПО ДЗС-Охрид, ПСС-Охрид кои ќе направат целосна проверка на опожарениот простор. Договорена е целосна логистичка подршка за дејствување и е обезбедена храна и вода за лицата кои ќе бидат на терен како и механизација за расчистување на планинските патишта. Доколку од екипата на терен се процени дека има потреба за дејствување од воздух ќе се побара поддршка и од АРСМ.
Пожарот во атарот на селата Грушино и Ајватовци кој започна на ден 04.09.2021 година во 16:00 часот е се уште активен. Се интервенира со 3 ПП возила и 7 пожарникари каде гаснат запалена сува трева, ниска вегетација и стрниште на поголема неутврдена површина. (општина Арачиново и Гази Баба).
Пожарот помеѓу селата Осинчани и Елово е сеуште активен. Од ШС Караџица известуваат дека десниот крак на пожарот кој се движел по сртот во правец на село Држилово е изгаснат од страна на мештаните, додека левиот крак од пожарот кој се движи кон село Елово е сопрен од ветер кој започнал да дува во спротивен правец, истиот се уште чади, но не се шири. Од страна на општина Сопиште е побарана воздушна поддршка од страна на АРСМ.
116