Директорот на ГОБ „8 Септември“ до хирурзите: Потребни сте во одделенијата со ковид-пациенти

Facebook
Twitter
Email
Print


По најавениот протест на специјалистите хирурзи од ГОБ „8ми Септември“, со порака до нив се јави и директорот д-р Христијан Костов.

Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа. Меѓутоа согласно бројот на анестезиолози, земајќи го во предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти согласно препораките на Министерството за здравство во кои е потребен поголем број на медицински персонал, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интевенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури). И овие интервенции се одвиваат без застој“, вели директорот.

Тој вели дека постои редукција на елективниот програм не само во оваа установа туку и секаде во светот.

„Воедно би сакал да нагласам дека од колегите имаме потреба за помош во лекувањето на Ковид позитивните пациенти кои лежат во Ковид одделенијата, и ќе се вклучат во овој процес на лекување до периодот кога ќе се создадат услови за работа на хируршкиот колектив во полн капацитет“, рече Костов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи