Митрески: Ќе го дадам својот максимум за развој на сите спортови во Прилеп, во здраво тело имаме здрав дух кој што ни е и тоа како потребен


Се наоѓаме на спортскиот аеродром во Мало Коњари што е во близина на Прилеп каде моментално се одржува Светски куп во воздухоплови модели. Оваа писта на која сега се наоѓаме, потекнува уште од Првата и Втората светска војна. Истакна на денешната прес конференција Зоран Митрески, кандидат за градоначалник на партијата Интегра за Прилеп.

„Ова место како најидеална локација за воздухопловните спортови, аеро клубот од Прилеп го имаше вистинскиот процут во 70-те и 80-те години од минатиот век, кога беа доста активни моделарите или моделарството во тоа време, едриличарството, падобранството. Тука се одржуваа аеромитинзи, падобрански и државни натпревари. Така што последниве 20-тина години од овој спорт го нема тие активности кои ги имаше некогаш.

Меѓутоа доајените од тоа време како што се Димче Велкоски, Диме Шиндески и други кои што придонесоа за моделарстото да се одржи до денеска. А благодарјќи на Здравко Тодороски кој што ги носи светските имиња во моделартсвото тука секоја година се одржуваат државните, европските и светските купови. Од овој клуб да не заборавиме потекнуваат и Миле Јованоски заедно со неговите синови Мартин и Борјан, кои што се закитуваат од сите светски натревари со најдобрите медали.

За да се развие овој спорт неопходни се средства и што е најважно да се има љубов спрема овој спорт. На младите и тоа како им е потребен овој спорт. Затоа што преку спортот имаат здравје, а во здрав организам имаме здрав дух кој што денес и тоа како ни е потребен.

Како кандидат градончалник предложен од Интегра ќе го дадам својот максимум не само на овој спорт туку и на сите спортови кои биле присутни во овој град така што ќе ги развојам сите кои што во денешно време може да се развиваат, затоа што во здраво тело имаме здрав дух кој што ни е и тоа како потребен во денешно време“, истакна Митрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи