Пандемијата предизвика зголемена вознемиреност, посебно кај жените и младите

Facebook
Twitter
Email
Print


Пандемијата од корона вирус доведе до зголемување на бројот анксиозни и големи депресивни нарушувања ширум светот, посебно меѓу жените и младите, покажа студијата објавена во магазинот „Лансет“.

Случаите на депресија и анксиозност се зголемени за почеќе од четвртина во светот во 2020 година поради пандемијата. Студијата е прва која го процени глобалното влијание на пандемијата на големото депресивно нарушување и анксиозни нарушувања, наведувајќи ги според староста, полот и локацијата во 204 земји и територии до 2020 година.

Се проценува дека има 28 проценти зголемување на случаите на големо депресивно растројство, на 246 милиони случаи, во споредба со околу 193 милиони случаи кога не се случила пандемија.

„Ова ја нагласува итната потреба за зајакнување на здравствените системи“, вели водечкиот автор на студијата Дамиен Сантомауро од Центарот за истражување на менталното здравје во Квинсленд, Школата за јавно здравје во Австралија.

„Дури и пред пандемијата, системот за грижа за ментално здравје во повеќето земји беше недоволно опремен и неорганизиран“, додава тој.

Жените беа повеќе погодени од мажите, а помладите луѓе беа повеќе погодени од постарите возрасни групи. Младите страдаа затоа што затворањето на училиштата ги држеше подалеку од пријателите, а многу жени се соочуваа со зголемен ризик од семејно насилство, велат истражувачите.

Студијата, предводена од академици од Универзитетот во Квинсленд во Австралија, регистрираше 76 милиони дополнителни случаи на анксиозни нарушувања и 53 милиони тешки депресивни нарушувања како што се шири ковид-19 во текот на 2020 година.

Авторите на студијата предупредија дека недостасуваат квалитетни податоци за влијанието на пандемијата врз менталното здравје во многу посиромашни земји.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи