На 03.11.2021 на место викано „Пештерица“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп одзеле запрежно возило натоварено со нежигосани огревни дрва, сопственост на Е.Ќ.(22) од Прилеп.
Одземените дрва биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.