Зголемени водостоите на Охридското и Преспанското Езеро

Facebook
Twitter
Email
Print


Резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека за два сантиметри е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на останатите две природи езера се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е за 11 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е пет сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), а на Преспанското Езеро е за 1,63 метри понизок од просечниот и е 13 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).

Нивоата на реките во земјава се во рамките на просекот и бележат зголемување во споредба со вчера.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи