63 автобуси и комбиња што вршат јавен превоз се исклучени од сообраќај од кои 38 имале неисправни кочници

Facebook
Twitter
Email
Print

Во текот на вчерашниот ден (16.12.2021) во периодот од 12.00 до 16.00 часот министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 63 возачи. При контролата, 53 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 38 возила имале неисправен уред за запирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи