Изведена првата лапараскопска апендектомија во болницата во Прилеп


JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп соопштува дека вчера за прв пат е направена лапараскопска апендектомија од страна на докторите хирурзи Драги Богојески и Димитар Иваноски.

„Предностите на ваквата операција се бројни.

     – оперативен рез 0,5-1 см

     – брзо опоравување

     – брзо станување од кревет

    – мал број на евентуални компликации

     – брзо зaрастување на оперативниот рез итн.

Во нашето хируршко одделение и досега се работеа и други интервенции и операции со лапараскопска метода, но ова е прв пат и ние сме многу горди“, истакнуваат од JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи