ЈКП Комуналец – Прилеп известува дека комуналците ја чистат запоставената пешачка патека и скалишниот простор кои водат покрај градскиот стадион до градската болница.
„Граѓаните, овој простор го користат како скратена патека. И покрај многубројните тековни обврски кои во моментов ги имаат комуналците, одлучено е да се направи темелно чистење на овој простор.
Паралелно се работи и на отстранување на диви депонии околу Работничкиот универзитет.
Апел до граѓаните да бидат стрпливи по барањата за чистење и на неколку други запоставени локации, бидејќи „Комуналец“, ги има мапирано сите диви ѓубриште, и истите ќе бидат исчистени“, стои во соопштението од ЈКП Комуналец – Прилеп.