Од прилепското Архиерејско намесништво велат дека годинава ќе има промени во терминот на одбележување на празникот Богојавление – Водици. Досега утринската богослужба и литургијата започнуваа во 4 часот, а се завршуваше во 6.30, кога потоа следуваше осветување на водата во црковните дворови и се пуштаа гулабите, како симбол на Светиот дух.
Бидејќи во последните години Богојавление е неработен ден се одлучиле утрената и Литургијата годинава да започнат во 7.00 часот. Во минатото морало Богослужбата да започнува во 4 часот, за да можело луѓето потоа да стигнат на работа.
Инаку поради пандемијата и годинава нема да има масовност при овој настан. Крстот ќе биде положен во осветените води на малиот базен во дворот на црквата Свето Благовештение, во 9.30 часот, а него ќе се обидат да го фатат мал број на дечиња.